Зголемен број на напади пред изборите во Авганистан

Претставникот на ОН во Авганистан, Јан Кубис

Претставникот на ОН во Авганистан, Јан Кубис изјави дека насилството во земјата е зголемено поради одржувањето на претседателските избори закажани за 5 април. Тој пред Безбедносниот Совет на ОН порача и дека нивото на насилство годинава е помало од она на изборите во 2009 и 2010 година. Но, според него, бројката на напади е зголемена во последно време.
Кубис изјави и дека е длабоко загрижен поради заканата на талибанците за нарушување на изборниот процес преку спроведување на серија напади.