Ештон: ЕУ ќе и помогне на Босна

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Кетрин Ештон денеска изјави дека Европската унија е подготвена да помогне и да ја поддржи Босна и Херцеговина во сите активности што ќе доведат до нејзиното приближување до ЕУ.

„На лидерите на Босна и Херцеговина, со кои се сретнав, им порачав да излезат со пакет мерки, а ЕУ ќе им помогне и ќе ги поддржи, но тие самите треба да ги решат проблемите“,

рече Ештон пред заседанието на Советот за надворешни работи на ЕУ.

Хрватскиот министер за надворешни работи, Весна Пусиќ, која неодамна го претстави својот предлог со мерки за Босна и Херцеговина, изјави дека на Советот на министри денеска само ќе се зборува за Босна и Херцеговина, а резолуциите ќе бидат прифатени следниот месец.