САД и ЕУ со санкции за преставници на Русија и Украина

Американскиот Претседател Барак Обама воспостави санкции против седум руски и четворица украинци како одговор на руската окупација на Крим и референдумот за сецесија.

На листата се рускиот заменик премиер, двајца претседателски советници, двајца про - руски лидери на Крум и остранетиот претседател Виктор Јанукович. Белата Куќа соопшти дека станува збор за невообичаена и огромна закана за американската национална безбедност.

Денеска и министрите за надворешни работи на Европската Унија во Брисел договорија санкции против 21 официјална личност од Украина и од Русија поради нивниот удел во руската инвазија на Крим и вчерашниот рефренедум. Санкциите превидуваат забрана за патување и замрзнување на сметките.