Крим и формално бара присоединување со Русија

Крим прогласи независност и формално побара приклучување во Руската Федерација. Регионалниот парламент на Крим ваквата одлука ја донесе денеска на специјална седница, истовремено декларирајки дека целот украински државен имот ќе биде национализиран. Во меѓувреме, украинскиот парламент денеска го одобри претседателскиот декрет за делумна мобилизација во која ќе бидат вклучени околу 40 илјади резервисти.