Проекции: СНС води на изборите во Србија

Независна агенција за мониторирање на изборите во Србија соопшти дека според проекциите, Српската напредна странка освоила 160 од 250 места во српскиот парламент. Втора по бројот на освоени гласови на парламентарните избори според проекциите е Социјалистичката партија - коалицискиот партнер во власта, на која би и иприпаднале 50 пратенички места. СНС распиша предвремени парламентарни избори тврдејки дека сака да го зајакне својот мандат за анти-корупциска кампања и други активности.