Про руски демонстранти нападнале владини згради во Донецк

Про-руски демонстранти ги нападнале канцеларијата на регионалниот обвинител и седиштето на служба за безбедност во источниот украински град Донецк. Демонстрантите побарале ослободување на самопрогласениот гувернер, Павел Губарев , кој беше приведен претходно овој месец под обвинение за повик за соборувањето на уставните овластувања на Украина. Според извештаите, околу 2.000 демонстранти се собрале пред канцеларијата на регионалниот обвинител за да бараат ослободување на Губарев . Некои демонстранти упаднале во зградата, додека други го искинале украинскиот знаме. Донецк е поранешно упориште на соборениот претседател Виктор Јанукович. Инцидентите доаѓаат во момент кога на Крим на референдум се гласа за приклучување кон Русија. Демонстрантите во Донецк изразија поддршка за гласањето на Крим.