СДСМ повторно побара одговори за „Актор“

СДСМ денеска повторно побара одговори за однесувањето на државните институции за случајот „Актор“ со одлевање пари во кеш за изградба на автопатот Демир Капија - Смоквица.

Потпретседателот на СДСМ Дамјан Манчевски на прес-конференција рече дека и покрај негирањата на Владата и на ВМРО-ДПМНЕ за случувањата со „Актор“ вчера премиерот „го признал скандалот“.

Кој и зошто извлекувал 3,5 милиони евра во кеш, зошто цели 10 месеци молчеле државните инситуции и по чиј налог и кој е најодговорен за функционирањето институциите, праша Манчевски.