Во Москва протест против руските акции во Крим

Десетици илјади лица протестираа во Москва денеска против руските акции во Крим. Маршот започна на плоштадот Пушкин и продолжи во непосредната околина.До демонстрациите доаѓа еден ден пред закажаниот референдум во Крим за присоединување кон Русија. Украинската влада го прогласи референдумот за нелегален, но руските официјални лица изјавија дека тие ќе ја почитуваат волјата на народот. Многу демонстранти носеа украински и руски знамиња, извикувајќи слогани како "Окупацијата на Крим е руски срам" и "Не чепкајте ја Украина." Уште еден митинг во Москва се одржа во знак на поддршка на активностите на руската влада во Крим. Полицијата процени дека меѓу 10.000 и 15.000 луѓе присуствуваа на тие протести.