Намалена пресудата за докторот кој наводно, помогнал да се најде Бин Ладен

На лекарот кој наводно им помогнал на американските сили да го најдат лидерот на Ал Каеда Осама бин Ладен во 2011, денеска затворската казна му е намалена за 10 години. Шакил Африди беше прогласен за виновен во мај 2012 под обвинение дека им давал помош на исламските милитанти во водењето војна против Пакистан. Но неговите поддржувачи веруваат дека тој беше цел на напади поради тоа што им помогнал на САД да откријат дека Бин Ладен живеел во градот Аботабад. Aфриди негираше дека помoгнал да се лоцира Бин Ладен. Пакистанските судски претствници денеска му ја намалија 33-годишната затворска казна на 23 години.Неговите адвокати бараат да има повторно судење за неговиот случај. Американски политичари изјавија дека Aфриди им помогнал на САД во пронаоѓањето на Бин Ладен и побараа тој да биде ослободен од затвор.