Лавров: Русија и САД со различни ставови за Украина

Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров изјави дека Соединетите држави и Русија се разијдуваат во нивните ставови за Украина. Тој по средбата во Лондон со американскиот државен секретар Џон Кери додаде дека Русија ќе ја почитува волјата на граѓаните на Крим кои в недела ќе излезат на рефрендум за присоединување кон Русија. Лавров додаде дека Москва нема намера да интервенира во источниот дел на Украина.