ЕУ веќе има список на личности од Русија за санкционирање

Европската Унија веќе подготвила листа на околу 120 личности од Русија на кои би се однесувале снакциите поради ситуацијата на Крим. За нив ќе биде воведена забрана за патување и замрзнување на сметките. Според германскиот весник Билд, на листата се вклучени и министерот за одбрана Сергеј Шојгу, заменик премиерот Дмитриј Рогозин, како и неколкумина советници на претседателот Владимир Путин. За во понеделин е закажан состанок на министрите за надворешни работи на Европската Унија, посветен на кризата во Украина.