10 загинати во експлозија на бомба во Пакистан

Квета, Пакистан, 14.03.2014

Најмалку 10 лица биле убиени, а над 30 повредени во експлозија во близина на патнички автобус во Квета, во северо-западен Пакистан. Локалната полиција соопшти дека цел на нападот било возило со кое се превезувале припадници на безбедносните сили. Засега никој не ја превзел одговорноста за нападот.