Последни обиди за спречување на референдумот на Крим

Русија денеска оцени дека судирите во источна Украина, во кои загина најмалку едно лице, поажуваат дека украинските власти не ја контролираат ситуација и оти Москва го задржува правото да ги заштити своите граѓани таму. Во меѓувреме во Лондон, американскиот државен секретар Џон Кери денеска има средба со рускиот колега Сергеј Лавров, на која се гледа како на последен обид за спречување на референдумот на Крим за припојување кон Русија. Лавров, пред средбата изјави дека ситуацијата е тешка и оти многу време е загубено во барањето решение. Кери вчера изјави дека Соединетите Држави и Европската Унија уште во понеделник ќе воведат санкции против Русија доколку се одржи референдумот на Крим.