Хакерски напад врз сајтот на Кремљ

Хакери денеска го нападнале сајтот на рускиот претседател, а бил блокиран и сајтот на Централната банка, соопшти Кремљ. Портпарол на Кремљ изјави дека попречувањата на сајтот продолжуваат, а безбедносни експерти се обидувале да го решат проблемот и да спречат натамошни напади. Нема информација кој би можело да стои зад хакерскиот напад.