6-мина убиени во пресметка со ножеви во Кина

Чангша, 14.03.2014

Еден продавач бил убиен од полицијата во кинескиот град Чангша, откако со нож убил друг продавач и уште четири други лица. Полицијата ги истражува причините за инцидентот меѓу продавачите, во кој настрадаа и случајни минувачи. Пред две недели напаѓачи со ками убија 29 луѓе, а 140 ранија на железничка станива во кинескиот град Нанџинг. За нападот беа обвинети ујгурски сепаратисти, но денешниот инцидент се верува дека нема врска со сепаратизам или тероризам.