Телефонски разговор Путин - Рохани

Рускиот претседател Владимир Путин зборувал по телефон со претседателот на Иран Хасан Рохани за иранската нуклеарна програма и за кризата во Украина, соопшти Кремљ. Путин нагласил дека секое решение за кризата во Украина мора да ги земе предвид интересите и желбите на луѓето во сите региони. Путин изразил и задоволство од, како што се вели во соопштението од Кремљ, иранскиот конструктивен пристап во преговорите со 6-те светски сили.