Загина директорот на Фудбалската репрезентација на Македонија

Директорот на Фудбалската репрезентација на Македонија, Петар Милошевски загина во сообраќајна несреќа што се случи синоќа на автопатот Куманово - Скопје. Во несреќата се повредени претседателот на Фудбалската федерација Илчо Ѓорѓиевски и уште двајца вработени во ФФМ.
Тие се враќале од Куманово каде се играл хуманитарен натпревар.
Според првичните информации, несреќата се случила на влезот во Скопје.
Милошевски беше и поранешен голман на македонската репрезентација и на неколку странски клубови како Трабзонспор, Малатијаспор, Себатспор, Енозис, а бранеше во Пелистер и во Вардар.