Мисија на ММФ на разговори во Украина

Кристин Лагард

ММФ ќе почне разговори со украинската влада за програмата за економски реформи. Тим на ММФ се наоѓа во главниот град Киев, каде што собира податоци за финансиите на владата.
Директорот на фондот Кристин Лагард изјави дека ММФ ќе работи со украинските власти на развој на програмата за економски реформи, која ќе резултира со силно економско управување и одржлив раст, а истовремено ќе ги штити ранливите делови од општеството. Таа информира дека мисијата ќе ја заврши својата работа до 21 март.
Украински официјални претставници изјавија дека земјата е речиси банкротирана.