Кремљ забрани 4 веб сајтови кои ја критикуваат власта

Гари Каспаров- и неговиот сајт е забранет

Руската влада забрани 4 веб сајтови познати по нивното критикување на Кремљ. Меѓу забранетите сајтови од страна на Руската агенција за комуникации е и Kasparov.ru, на еден од лидерите на опозицијата Гари Каспаров, поранешен светски првак во шах. Агенцијата соопшти дека сајтовите се блокирани затоа што повикувале на поттикнување на незаконско однесување, како и за повикување на луѓе да учествуваат на незаконски собирања.
Покрај тоа, веб-сајтот на истакнатиот лидер на опозицијата Алексеј Навални исто така е забранет поради кршење на условите за домашен притвор во кој тој моментално се наоѓа.
Рускиот сервис на Радио Слободна Европа јави дека Интернет провајдерите веќе почнале да ја спроведуваат забраната.
Овој чекор е преземен на барање од канцеларијата на Јавниот обвинител.