Времето денеска сончево и топло

Времето во Македонија ќе биде сончево и релативно топло. Ќе дува слаб ветер од променлив правец.
Утринската температура се движи од минус пет до три, а дневната ќе биде од 16 до 22 степена.

Во Скопје ќе биде сончево и релативно топло. Утринската температура се спушти до околу нулата, а дневната ќе се искачи до 19 степени.

Утре времето ќе биде сончево и уште потопло, а извесна промена на временската состојба се очекува в недела, кога ќе има зголемена облачност, засилен северен ветер и пад на дневната температура за неколку степени.