Ердоган: Демонстрантите се шарлатани

Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган во денешното обраќање пред неговите подржувачи во Анкара, оцени дека најновите демонстрации во Турција ги организираат шарлатани кои немаат ништо заедничко со демократијата. Предизвикуваат хаос за да профитираат, но нема да добијат ништо, а одговорот ќе го добијат на 30-ти март, кога се одржуваат локалните избори во Турција, изјави Ердоган.