Аерофлот не лета врз Украина

Руската авио-компанија Аерофлот ги смени коридорите на летање со цел нејзините авиони да не ја прелетуваат Украина. Портпарол на компанијата изјави денеска дека тоа било направено од безбедносни причини поради ситуацијата во врска со Крим. Интерфакс јави дека Аерофлот не е единствената руска авио-компанија која ги избегнува прелетите преку Украина.