Студентскиот дом Гоце Делчев ќе се подновува летоска

Реконструкциите и подобрувањето на условите во студентскиот дом „Гоце Делчев“ ќе продолжат веднаш по завршувањето на изборниот процес, најави денеска министерот за образование и наука Спиро Ристовски.
- Имаме готов проект за реконструкција и санација на студенстскиот дом „Гоце Делчев“ кој треба да се реализира во летниот период кога има најмала фреквенција на студенти, рече Ристовски одговарајќи на прашање по посетата на учениците од паралелката за фудбал при Спортската академија.