Анти--руски протести на Крим

На Крим, Украина, подржувачите на територијалниот интегритет, одржаа протест против референдумот, кој ќе се одржи во недела за припојување на Крим кон Русија. Демонстрантите во Симферопол ги обвинија про-руските власти за цензура поради тоа што украинските медиуми се блокирани и на нивно место се емитуваат руски.