Поднесенa претседателската кандидатурa за Пендаровски

Стево Пендаровски

До Државната изборна комисија денеска е доставена кандидатурата на Стево Пендаровски од СДСМ за претстојните претседателски избори. Пендаровски изрази благодарност до пратеничката група на СДСМ, до сите пратеници и коалициски партнери од здружената опозиција кои ги дале своите потписи и политичка поддршка за поднесување на оваа кандидатура, нагласувајќи дека има намера да бидам претседател на сите граѓани, независно од нивната партиска, верска или религиозна припадност. До ДИК вчера кандидатури за изборите доставија Ѓорге Иванов, Зоран Поповски и Илијаз Халими.