Еден загинат во експлозија во автобус во Бања Лука

Бања Лука

Во денешната експлозија на бомба во автобус на градскиот превоз во Бања Лука загинал возачот, додека двајца патници биле полесно повредени. Локалната полиција прецизира дека бомбата во автобусот ја фрлило непознато лице по што побегнало.