Шестмина загинати во експлозијата на гас во Њујорк

Вчерашната експлозија предизвикана од истекување на гас урна две згради во Њујорк при што загинаа најмалку шест лица, а над 60 се повредени. Градоначалникот на Њујорк Бил де Бласио изјави дека станува збор за голема трагедија и оти можеби конечниот број на жртвите би можело да биде поголем. Пожарникарите неколку часови се бореа да го стават под контрола пожарот во Источен Харлем.