Авганистан: главниот американски командант против целосно повлекување на трупите

Американскиот командант на меѓународните сили во Авганистан предупреди дека целосно повлекување на трупите во 2014 година би можело да резултира со прегрупирање на терористичката мрежа Ал Каеда. Генерал Џозеф Данфорд рече дека Ал-Каеда е моментално е во „фаза на опстанок“ во Авганистан. Данфорд, кој зборуваше пред Комитетот за вооружени сили на Сенатот, препорачува остатокот од меѓународните сили помеѓу 8000 и 12.000 војници да остане за помош и советување на авганистанските сили. САД се закани дека би можела да се повлече сите свои војници од Авганистан, ако безбедносниот пакт не се потпише наскоро.