Кина: Годишното Собрание ги поддржа мерките на Комунистичката партија

Кинеското годишно собрание ја заклучи деветдневната седница по усвојувањето на политиките на Комунистичката партија за забрзување на економските реформи. Околу 3.000 делегати на Националниот народен конгрес гласаа за годишниот буџет, кој вклучува зголемување од 12,2 отсто на годишните воени трошоци на Кина. Владата вели дека ова зголемување е потребно за финансирање на тековната модернизација на војската. На средбата исто така се разговараше за мерки за поттикнување на приватниот бизнис, контрола на инфлацијата, бенефициите за развој на руралните средини, промовирање на социјалната стабилност, и борба против корупцијата.