Сирија ги затвора амбасадите во Кувајт и во Саудиска Арабија

Сирија одлучи да ја затвори својата амбасада во Кувајт и во Саудиска Арабија, откако двете земји одбија да ги прифатат новите сириски дипломати, објави Дамаск.
Саудиска Арабија, Катар и Кувајт од почетокот на конфликтот во Сирија им пружаат
поддршка на бунтовниците, во знак на спротивставување на Иран кој е главен сојузник на режимот на сирискиот претседател Башар Ал Асад.