Управата за финансиско разузнавање врши истрага за „Актор“

Управата за финансиско разузнавање соопшти дека согласно ингеренциите и законот на 11 ноември 2013 година отвориле предмет за испитување на случајот „Актор“.

Во целиот овој изминат период се вршат проверки и соодветни дејствија за обезбедување факти, докази и аргументи кои се од битно значење за понатамошното одвивање на целата постапка, која сеуште трае, а за чиј епилог, најавуваат, јавноста ќе биде соодветно информирана.

Воедно, од Управата апелираат случајот да се не политизира.

Како што е познато, СДСМ побара од владата да се изјасни за „сомнителното“ подигнување 3,5 милиони евра кеш од филијалата на „Стопанска банка“ во Неготино, од страна на грчки државјани, од сметката на грчката компанија „Актор“, која го гради автопатот Демир Капија – Смоквица.