Експлозија од истекување на гас урна две згради во Њујорк

Архива

При експлозија која урна две згради во Њујорк загинале најмалку 2 лица, а 17 биле повредени.
Градоначалникот Бил де Бласио изјави дека причина за несреќата било протекување на гас.

Бројот на жртвите може да е и поголем бидејки спасувачките операции се во тек.