Баросо ја повика Русија да не го анектира Крим

Стразбур, 12.03.2014

Претседателот на Европската комисија, Жозе Мануел Баросо денеска ја критикуваше Русија во врска со ситуацијата на Крим, изјавувајки дека предлогот до Москва за директни преговори досега останал неодговорен. Зборувајки во Европскиот парламент во Стразбур, Баросо изјави дека Комисијата наскоро ќе издаде соопштение ќе биде побарано од Русија да се откаже од намерите за анексија на Крим. Тој повтори дека Брисел ќе воведе санкции доколку наскоро не почнат преговори на кои би се постигнал конкретен договор во одредено време.