Штрајк на државните службеници во Грција

Државниот сектор на Грција денеска ќе биде парализиран поради 24-часовен штрајк, организиран од Федерацијата на државните службеници АДЕДИ во знак на протест против отпуштањето на илјадници работници под притисок на меѓународните кредитори, јавуваат грчките медиуми.
Синдикатот планира и 48-часовен штрајк на 19 и 20 март, со цел протестите да се прошират.
Во денешниот протест учествуваат државните службеници, вработените во осигурителните фондови, даночните инспектори, наставниците, лекарите и персоналот во болниците. Судските службеници, исто така, ќе се вклучат во протестот.