Попоски во посета на Германија

Никола Попоски, министер за надворешни работи на Македонија.

Министерот за надворешни работи Никола Попоски денеска ќе ја посети Германија каде што ќе се сретне со неговиот колега Франк Валтер Штајнмајер. Според соопштението на МНР, Попоски ќе има обраќање во Комисијата за европски прашања на германскиот Бундестаг за процесот на пристапување на Македонија во Европската унија, како и одделни средби со повеќе германски пратеници од редовите на Социјал-демократската партија и Христијанско-демократската унија. Предвидено е Попоски да има средби и со советниците за надворешни работи и за европски прашања на германската канцеларка Ангела Меркел, како и работен брифинг во организација на Фондацијата „Конрад Аденауер“