Егзекутирани 22 лица во Сирија

Борбите во Алепо

Сириски активисти за човекови права соопштија дека џихадистите од Исламската држава Ирак и Левант егзекутирале 22 лица, меѓу кои 12 бунтовници на северниот дел на земјата. Според нив, егзекуцијата се случила откако екстремистите поврзани со Ал Каеда ја преземале контрола врз Шујук кој се наоѓа на периферијата на градот Јарабулус во покраината Алепо. Од јануари околу 3300 лица го загубиле животот во борбите во Сирија.