Нетанјаху инсистира на еврејскиот карактер на Израел

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека ќе инсистира Палестинците да го признаат еврејскиот карактер на земјата доколку Израел дозволи палестинска држава. Тој порача дека нема да прифати договор кој не го укинува правото на враќање на палестинските бегалци и во кој нема да биде вклучено палестинското признавање на еврејска држава.
Претходно палестинскиот претседтел Махмуд Абас одби да го признае еврејскиот карактер на земјата во говорот пред Револуционерниот Совет на неговата партија Фатах.