Кери и Лавров телефонски за Украина

Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров и американскиот државен секретар Џон Кери денеска телефонски разговарале за деескалација на конфликтот во Украина. Руското министерство за надворешни работи соопшти дека двајцата министри размениле мислења за конкретни предлози со цел да се обезбеди мир и договор за ситуацијата во таа земја. Притоа не се наведува дали била постигната согласност, освен дека разговорите ќе продолжат и натаму.