ЦИА пребарувала по компјутерите на Сенатот

Дајен Фајнстејн

Американската сенаторка Дајен Фајнстејн која претседава со сенатскиот Комитет за разузнавање денеска ја обвини ЦИА за илегално пребарување на компјутерите на луѓето во Сенатот кои вршеле истрага за наводни злоупотреби во програмите на ЦИА за притворање и испрашување притвореници. Според неа, ваквото пребарување е кршење на принципот на одвоеност на гранките на власта, втемелен во американскиот Устав. Во реакцијата на директорот на ЦИА Џон Бренан се наведува дека неговата Агенција не се инфилтрирала во компјутерите на Сенатот.