Русија: масовни вежби на падобранските единици

Воздушно десантните единици на руската војска денеска почнаа маневри во централниот дел на земјата. Во вежбите кои ќе траат до 14 март учествуваат околу 3 ипол илјади падобранци и 36 авиони транспортери. Министерството за одбрана соопшти дека вежбите не биле поврзани со настаните на Крим.