Раководството на СДСМ се сретна со делегација на ЕУ

Лидерот на СДСМ Зоран Заев и заменик претседателката Радмила Шекеринска денеска се сретнаа со делегација на Европската унија предводена од Теркел Петерсен, заменик шеф на одделот за Западен Балкан и Јоханес Виерек од истиот оддел. На состанокот било истакнато дека фер и демократските избори во Македонија ќе придонесат за јакнење на демократијата во земјата и во регионот. Според Заев, двојните избори ќе бидат тест и за институциите и за медиумите, а нивното спроведување ќе влијае и на идните чекори на државата во однос на евроатланските интеграции. Петерсен, изразил надеж дека формирањето на идниот парламентарен состав значително ќе придонесе кон зголемување на демократскиот капацитет на Собранието на Македонија.