Санадер осуден на 9 години затвор за корупција

Иво Санадер (средина)

Бившиот хрватски премиер и претседател на ХДЗ Иво Санадер денеска во Загреб е осуден за корупција на вкупно 9 години затвор и ќе мора да врати околу два милиона евра.

Овие пари ќе бидат одземени од неговите блокирани сметки , но и од сметките на членовите на семејството. Партијата ХДЗ пак, е ,исто така, прогласена за виновна за корупција и ќе мора да врати 24 милиони куни.

Станува збор за случајот со извлекување пари од државните институции и медиуми Фими – медија, во кој Иво Санадер беше прво обвинет.