ЕУ ги намалува и укинува тарифите за Украина

Како уште еден знак на подршка за новата влада во Киев, Европската комисија денеска треба да донесе одлука за намалување, а во некои случаи и за постепено отстранување на тарифите за украинските стоки кои влегуваат во ЕУ.

Овој потег се однесува на сите украински производи, но најголема корист се океува да имаат корист украинските земјоделски производи.

ЕУ веќе реши да ја потпише Спогодбата за асоцијација со Украина, а на Киев му понуди и пакет економска помош во вредност од 15 милијарди долари во текот на следните неколку години.