Ледениот човек јадел сирење пред 5000 години

Italy -- The mummy of an iceman named Otzi

Италијанските научници проучуваат 5000-години стара мумија позната како Леден човек.

Тие сметаат дека грутката масти пронајдена во неговиот стомак може да биде парче сирење што би било најстаро сирење пронајдено досега во светот.
Тоа било дел од последниот оброк на Ледениот човек кој јадел и месо, зеленчук, и пченица.

Претходниот рекорд на најстаро пронајдено сирење датира околу 1615 п.н.е., и е откриено во мумифицирани тела во Такламакан пустината во Кина.

Ледениот човек живеел меѓу 3350 и 3100 п.н.е. а неговата мумија беше пронајдена при топење на глечерот во северна Италија во 1991 година.
Научниците веруваат дека тој умрел откако бил погоден во рамото со стрела.