Колорадо собра 2 милиони долари данок од продажба на марихуана

Американската сојузна држава Колорадо собрала околу 2 милиони долари даноци од продажба на марихуана во јануари, соопштија тамошните власти. За да се собере овој данок, била продадена марихуана во вредност до 14 милиони долари од 59-те лиценцирани фирми. За споредба, државата Колорадо во јануари собрала 2,7 милиони долари даноци од продажба на алкохол. Другите држави го набљудуваат експериментот со легализирањето на пазарот на марихуаната во оваа сојузна американска држава. Во Холандија е дозволена продажба, но не е дозволено одгледување и дистрибуција. Програмата за легализација на марихуаната во Уругвај е во развој.