Талибанците против изборите во Авганистан

Талибанците соопштија дека ќе вршат напади за време на претседателските избори во Авганистан закажани за 5 идниот месец. „Им дадовме наредба на сите наши муџахедини да употребат сила за да ги нарушат ваквите измислени избори“ се наведува во соопштението на талибанците што го пренесува агенцијата Франс прес. Во него се додава дека цел на нападите би биле сите ангажирани во изборите кои талибанците ги оценуваат како американи заговор. Претходните избори во Авганистан, одржани во 2009 година, беа проследени со насилства во кои загинаа неколку десетици цивили и војници. На претстојните избори ќе се гласа за наследник на сегашниот претседател Хамид Карзаи.