Во Македонија издадени 1.934.323 лични карти

Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска денеска имаше координација со надлежните од управните служби пред претстојните претседателски и предвремени парламентарни избори, а со оглед на тоа што се појавува ситуација кога на истиот ден за гласање граѓаните ќе ги има на два избирачки списоци. „Во однос на евиденциите што ги води МВР, констатиравме дека досега вкупно се издадени 1.934.323 лични карти, важечки документи односно 1.857.909 патни исправи. Бројката на лица за кои постои запис во нашите евиденции дека се државјани на Македонија, а немаат биометриски документ е 124.962“, изјави министерката Јанкулоска. Карактеристично за овие избори, според неа, е тоа што замената на документите започна во 2007 година, а во меѓувреме дел од издадените документи ја изгубиле својата важност заради истек на рокот. „Таквата бројка на документи е 12.255. Ова се граѓани кои уредно ги има во сите евиденции, но доколку сакаат да го остварат своето избирачко право, ќе мора да ги обноват документите “, рече Јанкулоска.