Над 40 удавени африкански емигранти

архивска снимка

Јеменските власти соопштија дека над 40 африкански имигранти синоќа се удавиле во Арапско море, во близина на брегот на Јемен. Се наведува дека до несреќата дошло поради тоа што бродот бил преполн со луѓе и оти крајбрежната стража успеала да спаси 30 имигранти, пред се сомалијци и етиопијци. Според Меѓународната организација за миграции, во минатата година над 7 илјади мигранти загинале на море во потрага по подобар живот.