Се уште нема траги од исчезнатиот Малезиски авион

Официјални виетнамски претставници соопштија дека не се во состојба да утврдат дали била лоцирана вратата на авионот на Малезија Ервејс кој мистериозно исчезна од радарите пред два дена. Екипаж на еден авион на виетнамската морнарица извести дека забележал врата на исчезнатиот авион во Јужното кинеско море. Досегашната потрага не најде ниту една трага од авионот од типот Боинг 777 со 239 патници и членови на екипажот кој летал на линијата меѓу Куала Лумпур и Пекинг. Експертите сметаат дека можеби дошло до ненадејна експлозија во авионот, бидејќи претходно екипажот не испратил никаква порака за некакво нарушување на летот.