ОБСЕ ќе ги престави активностите за претседателските избори

Амбасадорот Герт Хајнрих Аренс

Амбасадорот Герт Хајнрих Аренс, шефот на Набљудувачката мисија на ОБСЕ на престојните претседателски избори во Македонија денеска во Скопје ќе ги претстави улогата и активностите на мисијата. Со тоа тоа ќе биде официјализирано отворањето на Набљудувачката мисија за избори на канцеларијата за демократски институции и човекови права ОДИХР на ОБСЕ за претседателските избори на 13 април годинава. Набљудувачката мисија за претседателските избори е воспоставена на покана од Министерството за надворешни работи на Македонија, а од ОДИХР очекуваат таква покана да биде упатена и за набљудување на предвремените парламентарни избори на 27 април годинава.